Фудбалерите на Србија го завршија учеството на годинашното Европско првенство. Вечерва во Минхен одиграа 0-0 со Данска и го завршија натпреварувањето во групата Ц на последното место со два освоени бода.
Голманот на Србија, Предраг Рајковиќ, беше веројатно најсветлата точка во тим на Пикси на овој турнир, примајќи само два гола и бранејќи сè што можеше да одбрани. По испаѓањето не го криеше своето големо разочарување.
„Жал. Дефинитивно голем жал. Ова е една сјајна група момци, вредно работевме, верувавме, мислам дека заслуживме да продолжиме, но не ни се даде. Под силни емоции сум и тешко ми е да зборувам. Покажавме како се ‘гине’ за Србија. Жал ми е. Немам ништо од тоа што бев најдобар поединец на турнирот, подобро да примев пет гола, но да продолжевме понатаму. Жал ми е за навивачите. Сакам да им се заблагодарам за големата поддршка”, изјави голманот Предраг Рајковиќ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski