Австрија ја победи Холандија во Берлин со резултат 3-2 и го освои првото место во групата Д. Франција не успеа да ја победи Полска во Дортмунд, играјќи 1-1, и заврши на второто место, додека Холандија, иако третопласирана, сепак ќе игра во осминафиналето на ЕВРО 2024.
Холандија несреќно си постигна автогол во шестата минута, кога Дониел Мален ја затресе сопствената мрежа во обид да ја расчисти топката. Коди Гакпо во 47. минута израмни, но Романо Шмид во 59. минута повторно ја доведе Австрија во водство.
Мемфис Депај уште еднаш израмни во 75. минута, но Марсел Сабицер постигна одличен гол од левата страна во 80. минута, осигурувајќи ја победата на Австрија.
Во Дортмунд, на „Сигнал Идуна парк“, Франција важеше за фаворит против Полска, но одигра само 1-1. Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Франција од пенал во 56. минута. Потоа беше досуден пенал и за Полска, кој Роберт Левандовски успешно го реализираше во 79. минута, за конечни 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













