Антоан Гризман се очекува да не биде меѓу стартерите за Франција против Полска на денешниот последен натпревар од групната фаза на ЕВРО 2024.
Според „Л’ Екип“, 33-годишниот ас од Атлетико Мадрид е „разочаран“ од одлуката на Дидие Дешамп да не го вклучи во стартниот состав.
Франција има четири бода од првите два натпревари, колку што има и Холандија, така што битката против селекцијата на Полска воопшто не е протоколарна, а „петлите“ се јасни фаворити.
Според „Л’ Екип“, Килијан Мбапе ќе се врати во врвот на нападот, а на двете крилни позиции ќе започнат Маркус урам и Осман Дембеле. Во средниот ред ќе игра триото Адриен Рабио, Аурелиен Чуамени и Н’Голо Канте.
Во одбраната треба да бидат Тео Хернандез, Вилијам Салиба, Дајот Упамекано и Жул Кунде. На голот ќе биде Мајк Мењан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













