
Репрезентацијата на Србија вечерва (21 часот) во Минхен го игра решавачкиот меч за пласман во осминафиналето на Европското првенство. Традицијата, а можеби и моментната форма, не е во полза на српскиот тим, но селекторот Драган Стојковиќ верува дека неговите избраници ќе го дадат најдоброто од себе сега кога е најпотребно.
„Игравме два натпревари на многу добар начин. Игравме многу добро против Англија и Словенија. Се надевам дека нашиот трет натпревар ќе биде исто така ефикасен, но исто така се надевам и дека ќе победиме. Ќе има некои промени во тимот, но не би откривал премногу. Верувам дека можеме да ја оствариме целта“, изјави Пикси.
Тој вели дека Данска е одлична селекција, но далеку од тоа и дека е непобедлива.
„Данска е навистина силен тим. Тие имаат одлични играчи. Тие се многу тежок противник. Не победиле, но исто така и не загубиле во два натпревари. Тоа значи дека се организиран тим кој многу се жртвува на теренот. Ќе биде многу тешко, но сега е време да го промениме нашиот неславен рекорд против нив. Ќе дадеме сѐ од себе да имаме добар натпревар, знаеме дека ни е потребен триумф“, порача Драган Стојковиќ.
Во вториот натпревар од групата Ц, Англија ќе се сретне против Словенија во Келн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
