
На Европското првенство, Португалија поминува низ групната фаза без поголеми проблеми, со две победи и обезбедено прво место во групата. Меѓутоа, селекторот Роберто Мартинез изрази загриженост поради безбедносните пропусти, особено по натпреварот против Турција, каде неколку навивачи успеаја да влезат на теренот.
Ова е особено истакнато бидејќи главна цел беше ѕвездата на тимот, Кристијано Роналдо. Инциденти се случија и на крајот од мечот одигран во Дортмунд. Иако навивачите беа добронамерни, Мартинез нагласи дека ситуацијата можела да биде многу опасна ако намерите на навивачите не се добри. Тој изрази потреба за построги безбедносни мерки за да се заштитат играчите и да се обезбеди дека ваквите инциденти нема да се повторуваат.
„Сето ова е загрижувачко бидејќи денес имавме среќа што намерите на навивачите беа добри. Сите ги сакаме фановите кои ги препознаваат големите ѕвезди и ги гледаат како идоли.“
„Со тоа сите се согласуваме. Но, што ако тие намери беа лоши? Постојат многу, многу тешки моменти. Играчите се изложени и тогаш мораме да бидеме внимателни.“
„Мислам дека ова не треба да се случува на фудбалскиот терен. Има доволно обезбедување и редари и тоа не треба да се случува. И веројатно треба да им порачаме на навивачите дека тоа не е вистинскиот начин.“
„Се надевам дека мерките ќе се заострат во иднина. Не е добро играчите да бидат толку изложени кога луѓето влетуваат на теренот“, порача Мартинез.
Португалците го обезбедија пласманот во осминафиналето и во последниот натпревар од групната фаза против Грузија, Роберто Мартинез најверојатно ќе им даде шанса на резервистите, овозможувајќи им на главните играчи дополнителни денови одмор пред следната фаза на натпреварувањето.
Што се однесува до Турција, и покрај поразот, тие сè уште имаат шанси за пласман во наредната фаза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
