
Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Италијанецот Винченцо Монтела, изјави дека Португалија има многу квалитети, но тоа не треба да го плаши неговиот тим пред натпреварот од второто коло на Европското првенство во Германија.
„Португалија има многу квалитети, но и ние мораме да мислиме на нашите, не мораме да се плашиме. Клучот е да бидеме обединети, да не им даваме простор на Португалците бидејќи се многу брзи,“ рече Монтела.
Селекторот додаде дека неговиот тим знае како игра Португалија и кои се нејзините слабости, така што ќе настојуваат да и создаваат проблеми.
„Мораме да размислуваме и за сопствената игра, сопствената состојба на духот, сопствените сили. Мораме да бидеме компактни, мораме да покажеме единство“, истакна Монтела.
Турција успешно го започна првенството со победа против Грузија (3-1), што и овозможува да размислува за пласман во осминафиналето, првпат од Европското првенство 2008 година.
Натпреварот Турција – Португалија почнува во 18 часот во Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
