Connect with us

Лука Јовиќ ги извлече Србите од бездната за реми во последен миг против Словенија (ВИДЕО)

Србија беше на работ на бездната, а буквално во последниот напад, во судиското продолжение, Лука Јовиќ постигна гол за реми (1-1) против Словенија, по кое сега повторно имаат реални шанси за пласман во нокаут фазата.

Словенија беше на прагот на голема победа која веројатно ќе значеше и пласман во осминафинале, но не успеа да издржи уште неколку секунди од надополнувањето на времето по истекот на регуларниот тек.

Словенија поведе со голот на Жан Карничник во 69.минута од дуелот. Само две минути подоцна, Александар Митровиќ ја погоди гредата од голот на Словенците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови