
Капитенот на националниот тим на Аргентина, носител на трофејот од Копа Америка и Светското првенство, Лионел Меси, пред почетокот на годинашното издание на Копа Америка во САД изјави дека е жално што нема да учествува Бразилецот Нејмар.
Нејмар сè уште се опоравува од повреда на коленото, а Меси го посочи Бразил меѓу кандидатите за триумф на натпреварувањето, заедно со неговата Аргентина.
„Жално е што Нејмар ќе отсуствува, но тие имаат милион играчи“, изјави Лионел Меси, цитиран од „ЕСПН“.
„Бразил секогаш имал многу фудбалери и тие постојано се различни. Многу се квалитетни и имаат конкурентен тим. Бразил е како Аргентина – кандидат за титулата и несомнено дека сакаат да ја освојат Копа Америка“, смета Меси.
36-годишниот фудбалер зборуваше и за шансите на Аргентина да го одбрани трофејот.
„Можеме да кажеме дека сме најдобри, бидејќи сме светски шампиони. Но, тоа не значи дека ќе ја освоиме Копа Америка без напор. Мислам дека ќе има голема конкуренција, бидејќи тимовите се навистина силни. Еквадор има генерација од многу добри млади играчи кои знаат што сакаат. Исто така, тука се и Колумбија, Уругвај, да не го споменуваме Бразил. Токму затоа сметам дека силите се израмнети, но нашиот тим знае што треба да продолжи да прави за повторно да победи“, коментира фудбалерот на американскиот Интер Мајами.
Аргентина ќе го отвори турнирот ноќеска со натпревар против Канада во Атланта, додека Бразил ќе се соочи со Костарика на 25 јуни во Инглвуд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
