Преговорите меѓу италијанскиот шампион Интер Милано и тренерот Симоне Инзаги за нов договор времено се „замрзнати”, тврди авторитетниот весник „Газета дело Спорт”.
Според изданието, разговорите не се прекинуваат, но има некои разлики, пред сѐ во финансискиот дел. Клубот тврди дека не може да понуди повеќе од 6,5 милиони евра нето по сезона, додека Инзаги бара најмалку уште еден милион повеќе.
Покрај тоа, Интер нуди договор за две години, додека Инзаги претпочита уште една година – до 2027.
Интер, сепак, уверува дека ќе биде постигнат договор со актуелниот стратег, додавајќи одредени премии и бонуси како клаузули.
„Инзаги не е дури ни во средината на својот циклус во Интер. Ќе остане уште долго“, коментираше новиот претседател на клубот, Бепе Марота.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













