
Левиот бек на Челси, Јан Матсен, нема да остане на „Стемфорд Бриџ” по враќањето од Борусија Дортмунд, бидејќи неговата следна станица е Бирмингем.
Според англиските медиуми, Астон Вила и Челси склучиле договор за негов трансфер вреден околу 40 милиони евра.
Матсен не е во плановите на Челси дури и по одличната сезона на позајмица во Дортмунд, бидејќи Енцо Мареска на таа позиција ги има Марк Кукурелла и Бен Чилвел.
Челси со тоа ќе заработи солидна сума пари за играч на кој не смета, додека Унаи Емери доби уште еден одличен бек во ротацијата.
Сепак, останува да видиме што ќе се случи со Лукас Диње и Алекс Морено, кои исто така играат на позицијата лев бек.
Севкупно, пазарот во Англија полека се разгорува, иако пред овој трансфер, Кристал Палас беше најактивен бидејќи го донесе слободниот Камада, како и Чади Ријад од Бетис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
