
Капитенот на селекцијата на Германија, Илкај Гундоган, кој беше избран за играч на натпреварот при успехот над Унгарија со 2-0, верува дека тимот покажува сѐ подобри игри.
„Стануваме подобри, но со напредокот треба да надминеме и некои проблеми. Ова го покажа натпреварот со Унгарија, особено во првото полувреме. Така е на ваков турнир – треба да ги преживееш таквите ситуации. Ние опстанавме и потоа нанесовме удар,” изјави Гундоган.
„Сакаме да останам трпеливи, да ги исполнуваме задачите без да размислуваме премногу сериозно. Колку почесто тренирате заедно, толку подобро се разбирате со соиграчите,” додаде тој.
Голманот на Германија, Мануел Нојер го израмни рекордот на Џанлуиџи Буфон.
„Победата беше многу, многу важна. Сакавме да го подобриме нашето издание од натпреварот со Шкотска. Знаевме дека нема да ни биде лесно против Унгарија. Атмосферата е одлична. Германија секогаш е фаворит, но ние треба да си ја одработиме домашната задача“, истакна Нојер.
Враќањето на Тони Крос донесе огромен квалитет во тимот на Германија.
„Ова е вториот чекор. Логично беше да го потврдиме првиот чекор. Ова беше реткост во последните турнири. Имавме некои тешкотии, но ги надминавме“, изјави Тони Крос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
