Connect with us

Мбапе брзо се врати на тренинзите на Франција по скршеницата на носот (ВИДЕО)

Француската ѕвезда Килијан Мбапе се врати на тренинзите на националниот тим, откако заработи скршеница на носот на натпреварот против Австрија.


Првичните проценки беа дека Мбапе сигурно ќе отсуствува на вториот натпревар против Холандија, а беше неизвесен неговиот настап и на мечот против Полска во третата рунда од групната фаза.


Сепак, неговото враќање на тренинзите сега најавува дека можеби и нема да биде отсутен.
Мбапе сигурно ќе игра со заштитна маска, а ќе треба да добие дефинитивна дозвола од докторскиот тим пред да се врати на теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови