Connect with us

Германија е првиот осминафиналист на ЕВРО 2024 (ВИДЕО)

Домаќинот Германија е првиот осминафиналист на Европското првенство. Селекцијата на Џулијан Нагелсман ја обезбеди и втората победа во групата, совладувајќи ја Унгарија со 2-0 во Штутгарт. Со тоа веќе има шест бода и ќе игра во нокаут фазата.

Германците беа подобар противник, иако и Унгарија не беше комплетно инфериорна на овој дуел.

Џамал Мусијала го отвори резултатот во 22.минута откако Гундоган искористи едно невнимание во противничката одбрана и го проигра офанзивниот играч за врска кој стана првиот фудбалер со два постигнати гола на турнирот.

Во второто полувреме, Илкај Гундоган постигна втор гол за Германија во 67.минута и го реши победникот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови