
Хрватска испушти победа против Албанците во судиското продолжение и одигра 2-2, па сега значително си ги отежна шансите за пласман во втората фаза. Албанија поведе рано, Хрватите направија пресрт, но Клаус Ѓасула ги казни во последните моменти затоа што и денеска во Хамбург не одиграа според нивниот квалитет.
Андреј Крамариќ денеска слави и роденден.
„Благодарам за честитките за роденден, но би бил посреќен да ги имаме сите три бода. Ова е фудбалот. Примивме гол во последните секунди откако во второто полувреме бевме многу подобри. Жал ми е што не продолживме да притискаме по вториот постигнат гол. Повторно се случи фудбал. Затоа луѓето го сакаат фудбалот, многу емоции, никогаш не знаеш што те чека во следната акција. Ќе мораме да се бориме со сите наши сили против Италија. Сигурно дека можеме да ги победиме. Знаеме дека многу пати сме биле во ваква ситуација. Ќе дадеме сѐ од себе, ќе веруваме во себе како што верувавме денеска во второто полувреме. Ќе биде тешко, но ќе го дадеме максимумот”, изјави Андреј Крамариќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
