
За Албанија е голема чест да игра против најдобрите селекции во групата Д на Европското првенство во Германија, изјави селекторот на албанската фудбалска репрезентација, Бразилецот Силвињо, во пресрет на натпреварот против Хрватска од 15 часот.
Во групата Д, Албанија веќе се соочи со Италија и загуби со 2-1, а за последен противник ќе ја има Шпанија, која ја победи Хрватска со 3-0.
„Очигледно е дека ова е многу тешка група, но за нас е голема чест да играме против најдобрите селекции и играчи од Манчестер Сити, Милан или Реал Мадрид. Ова е величествено натпреварување, имаме многу што да научиме“, изјави Силвињо.
Според неговите зборови, и покрај поразот на Хрватска од Шпанија, тие играле добро и им правеле многу проблеми на Шпанците.
„Хрватска има многу квалитети, било во додавање, шутирање или способноста да ја задржи топката… Но, и ние имаме добри играчи, нашиот капитен ја освои Лигата на Европа со Аталанта“, додаде Силвињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
