
Бундеслигашот Лајпциг, тимот кој стана редовен учесник во Лигата на шампионите, објави дека го продолжи договорот на тренерот Марко Росе. Новиот договор е до летото 2026 година, што е продолжување за 12 месеци од претходниот.
Росе, кој по потекло е од Лајпциг, ги презеде „црвените бикови” во есента 2022 година. Во тој период тимот го освои Купот на Германија, двапати се квалификуваше во Лигата на шампионите, и двапати ја мина групната фаза на „турнирот на богатите“.
Марко Росе претходно беше тренер на Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах, Салцбург и Локомотив Лајпциг.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement