Младиот шпански суперталент Ламин Јамал имаше сензационално деби на Европското првенство, откако асистираше за еден од головите при победата од 3-0 над Хрватска на почетокот на турнирот. Но, додека другите играчи на „Ла роха“ размислуваат само за финалето во Германија, Јамал има и друга задача. Тој сè уште учи и мора да ги комбинира двете обврски, дури и кога е на Европското првенство.
За таа цел, во својата хотелска соба, има онлајн часови.
„Секој ден, кога сум во Барселона, одам на училиште, но имам и приватен учител. Понекогаш ми даваат многу домашни. Да, учам и овде во Германија, но се надевам дека ако сега стигнеме до осминафинале или четвртфинале, тогаш нема да ми праќаат задачи“, сподели тинејџерот.
Ден пред финалето на ЕВРО 2024, Ламин Јамал ќе наполни 17 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













