
Останатите селекции треба да се плашат од националниот тим на Хрватска и да го почитуваат, и покрај поразот од 0-3 од Шпанија на стартот на Европското првенство во фудбал. Ова го изјави селекторот на Златко Далиќ во пресрет на денешниот меч со Албанија.
„Не беше пријатно да го загубиме првиот наш натпревар на овој начин. Хрватска, сепак, заслужува почит за тоа што го постигнала. На три различни меѓународни турнири стигнавме до подиумот и сè уште не гледаат како Пепелашка. Можеби сме од мала земја, но нашата храброст е безгранична. Резултатите покажуваат дека правиме многу работи подобро од другите нации во последните години. Хрватска секогаш е посилен тим од тоа што го мислат за нас,” изјави Далиќ.
Хрватите ќе се соочат со Албанија во Хамбург од 15 часот и се должни да ги убедат своите фанови дека можат да се борат за нешто големо и на ова Европско првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
