
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека Килијан Мбапе ќе мине нови прегледи за повредата на носот в среда, потврдувајќи дека напаѓачот ќе треба да се оперира по завршувањето на Европското првенство во Германија.
Како што е познато, поради повредата при победата со 1-0 над Австрија, многу е веројатно дека големата ѕвезда на „петлите“ ќе пропушти барем еден од следните два натпревари на тимот против Холандија и Полска.
Мбапе ќе го пропушти натпреварот со Холандија, додека натпреварот со Полска е под прашање.
„Во среда ќе има детални прегледи за да ја видиме неговата состојба. Ова беше сериозен удар. Медицинскиот тим направи сѐ што е потребно за да ги намали штетите колку што е можно повеќе по направените прегледи. Иако нема да се оперира веднаш, ќе треба да го направи тоа подоцна. Утрово тој беше малку подобро, па ќе видиме како ќе се движи неговата состојба. Ќе го следиме неговиот прогрес внимателно секој ден“, изјави Дешамп за француските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
