Претседателот на Порто, Андре Вилјаш-Боаш, изјави дека клубот нема да го обнови договорот на 41-годишниот дефанзивец Пепе.
„На некој начин му дадов до знаење дека целата негова иднина е неразделно поврзана со Порто. Но, не и како играч. Јасно му беа објаснети причините зошто, за жал, тоа нема да се случи. Но, ние имаме голема почит кон неговата кариера. Порто е загрижен за намалување на платите и трошоците. Тоа му беше јасно објаснето на Пепе и тој го разбра. Тој ќе донесе одлука во врска со неговата кариера, но вратите на Порто секогаш ќе бидат отворени за него“, изјави Вилјаш-Боаш.
Во сезоната 2023/24, Пепе одигра 34 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и забележа три асистенции.
Фудбалерот игра за Порто од 2019 година, а договорот му е до 30 јуни 2024 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski