Навивач на фудбалската репрезентација на Германија ја пропушти првата победа на ЕВРО 2024 против Шкотска, откако му била скршена раката од шутот на напаѓачот Никлас Фулкруг, за време на загревањето пред натпреварот.
Каи Флатман стоел на трибината зад голот на Германија пред победата од 5-1 над Шкотска, кога топката го удрила во раката, по силниот шут на Фулкруг.
„Немам зборови, тотално лудило”, напиша фанот на социјалните мрежи, објавувајќи своја фотографија од болницата со завиткана рака.
„Весникот „Билд“ го објави несреќниот инцидент, а од Германската фудбалска федерација исто така се поврзаа со мене”, изјави навивачот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













