Connect with us

Депортираа англиски хулиган од ЕВРО 2024

Еден англиски фудбалски хулиган беше депортиран од ЕВРО 2024. Причината за тоа беше неговото учество во пресметките меѓу Англичаните и Срби, кои се случија неколку часа пред неделниот натпревар во Гелзенкирхен.


39-годишниот маж од Болтон беше задржан по настанот. Седум српски ултраси исто така се уапсени. Германската полиција му го одзела пасошот и му одреди моментална депортација од земјата. Тој се врати вчера во Манчестер, каде што беше задржан на аеродромот.

Хулиганот ќе мора да се појавува секој ден во судот, а исто така ќе одговара и за нарушување на Законот за фудбалско хулиганство.

„Строго ќе ги казниме сите англиски навивачи кои предизвикуваат проблеми во Германија. Соработуваме со германската полиција. Имаме и наши тимови поставени околу зоните со англиски граѓани. Таквите хулигански акции го наручуваат имиџот на нашата земја. Би сакале да имаме заеднички прекрасен фудбалски празник. Благодариме за брзата реакција на колегите од полицијата во Гелзенкирхен, која спречи посериозен инцидент“, објавија англиските власти во официјално соопштение.

Борбата против фудбалското хулиганство е една од главните цели на домаќините на ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови