
Напаѓачот на Франција, Килијан Мбапе, најде сили да се пошегува со повредата што ја доби на натпреварот против Австрија на ЕВРО 2024. Француската ѕвезда има скршен нос по судирот со Кевин Дансо во 86. минута и ќе игра со специјална маска во следните натпревари на „петлите“.
“Некои идеи за маски?”, напиша Мбапе на социјалната мрежа „X“.
Des idées de masques 🎭😅 ?
— Kylian Mbappé (@KMbappe) June 17, 2024
Првично се претпоставуваше дека францускиот ас ќе има потреба од операција, но по прегледот во болницата во Диселдорф беше решено да се подложи на конзервативен третман.
Во вториот натпревар на ЕВРО 2024, Франција ќе игра против Холандија на 21 јуни, а Австрија ќе се сретне со Полска истиот ден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
