Англискиот фудбалер Мејсон Гринвуд е на добар пат да му стане соиграч на Столе Димитриевски во Валенсија. Македонскиот репрезентативен голман ова лето се пресели од Рајо Валјекано на „Месталја“, а тоа набрзо треба да го стори и Мејсон Гринвуд.
Играчот и клубот се договорија за сите услови, но сега треба да се склучи договор меѓу Манчестер Јунајтед и Валенсија.
Гринвуд минатата сезона ја мина на позајмица во Хетафе каде ја рехабилитираше кариерата откако во Англија беше обвинет за силување. Сепак, на крајот успеа да го добие судскиот спор.
Мејсон Гринвуд дебитираше за „црвените ѓаволи“ во сезоната 2018/19 за време на мандатот на Жозе Мурињо. Вкупно за тимот од „Олд Трафорд“ одигра 129 натпревари и постигна 35 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













