Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, проговори по поразот од Словачка со 0-1 во првиот натпревар од групата Е на ЕВРО 2024. Според него, „црвените ѓаволи“ си го отежнале животот и можеле да победат ако биле само малку поефикасни.
„Нема многу што можам да му кажам на тимот за да се подобри. Создадовме многу шанси и требаше да постигнеме гол, што многу ќе ни ја олеснеше играта. Единственото нешто што не го направивме како што треба беа завршните додавања. Направивме многу. Тоа е дел од играта. Секако, играчите се разочарани. Тренинзите ни поминаа добро, а денеска моравме да постигнеме гол и немаше да зборуваме за никаков проблем“, изјави Тедеско.
Белгија вториот натпревар на ЕВРО 2024 ќе го игра против Романија на 22 јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













