Фаворитот во групата „Е”, селекцијата на Белгија, го започнува своето учество на Европското првенство со денешниот натпревар против Словачка од 18 часот во Франкфурт. Во другиот натпревар од групата, претходно од 15 часот ќе се соочат Романија и Украина.
Очекувањата кон Белгијците се големи веќе неколку години, но тие сè уште не успеваат да ги оправдаат. На претходните две Европски првенства, “црвените ѓаволи” испаднаа во четвртфиналето, што е нивниот најдобар резултат во историјата.
Со новиот селектор Доменико Тедеско, тимот се справи одлично во квалификациите. Белгија победи во шест од осумте натпревари, не претрпе пораз, и заврши на првата позиција.
И овојпат, очите се вперени кон Кевин де Бруин и Ромелу Лукаку, од кои навивачите на тимот очекуваат најмногу.
Словаците можеби се потценети, но за нив ова е трето последовно Европско првенство. Пред три години не успеаја да ја поминат групата, но во 2016 година во Франција успеаја.
Селектор на тимот е Франческо Калцона, кој за неколку месеци во пролетта го водеше Наполи. Во квалификациите, Словаците беа во групата на Португалија и завршија второпласирани, губејќи единствено од Кристијано Роналдо и неговите соиграчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













