Минатата сезона беше целосно отпишан, Флорентино Перез сакаше да го продаде по секоја цена, но успеа да ги сврти работите во своја полза и сега е незаменлив во составот на Реал Мадрид.
Ферлан Менди пред неколку години раскажа дека му било кажано дека никогаш повеќе нема да игра фудбал по операцијата на колкот, бидејќи како 15-годишник останал во инвалидска количка.
„Кога имав 15 години, го оперирав колкот“, ја започна својата приказна левиот бек.
„Ми беше кажано дека никогаш повеќе нема да играм фудбал.“
„Поминав некое време во инвалидска количка, потоа шест или седум месеци во болница на рехабилитација за повторно да научам да одам и сега сум во Реал Мадрид. Тоа е навистина неверојатно“, истакна Менди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













