
Саудитскиот Ал-Итихад подготвува нова сериозна понуда за голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах, ова лето. Тимот од Џеда, кој минатата сезона заврши на разочарувачкото петто место во првенството, исто така бара нов тренер, бидејќи се очекува Марсело Галјардо да го напушти клубот.
Раководството на клубот продолжува да бара големи имиња за тимот, и од Ал-Итихад изготвија список од тројца играчи за засилување на нападот. Се верува дека на списокот се Салах, Хјонг-мин Сон од Тотенхем и Федерико Киеза од Јувентус, како крајна опција.
Ал-Итихад планира да направи нова голема понуда за Салах, кој беше посакуван и пред една година, но тогаш одлучи да остане во Ливерпул. Саудијците сè уште го сметаат за главна трансферна цел и веруваат дека заминувањето на Јирген Клоп и неговата замена со Арне Слот може да го олесни трансферот.
Салах има договор со Ливерпул до летото 2025 година и сè уште не е јасно дали ќе го обнови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
