Connect with us

Стојковиќ: Ќе биде клучно да го сопреме Белингам

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, смета дека од клучно значење за денешниот дуел против Англија ќе биде да се сопре Џуд Белингам. Тој е уверен дека младата англиска ѕвезда еден ден ќе ја освои “Златната топка”.

„Белингам е одлично момче, тој е идната „Златна топка“. Импресивно е како игра, многу е млад, но и многу моќен и треба да бидеме внимателни. Треба да ги затвориме просторот, да не му дозволиме да игра слободно со топката“, изјави Драган Стојковиќ.

Душан Тадиќ исто така смета дека Белингам е душата на англискиот состав.

„Џуд е одличен играч, еден од најголемите таленти. Дефинитивно ќе биде една од најголемите закани за нас и треба да направиме сè што можеме за да го спречиме“, рече играчот кој помина низ Ајакс и Фенербахче.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови