Connect with us

„Фуријата“ ја оддува Хрватска за едно полувреме (ВИДЕО)

Шпанија има значителна предност од 3-0 по првото полувреме против Хрватска во натпреварот што се игра на „Олимпијастадион“ во Берлин. „Црвената фурија“ покажа супериорност на теренот и тоа го материјализираше со три гола.

Во 29. минута, Алваро Мората постигна гол по одличната асистенција од Фабијан Руиз, успевајќи да го надмине хрватскиот голман Ливаковиќ. Само три минути подоцна, Фабијан Руиз повторно беше во центарот на вниманието, овој пат завршувајќи ја акцијата сам и зголемувајќи го водството на 2-0 за Шпанија.

Во последните моменти од првото полувреме, Дани Карвахал постигна трет гол за Шпанија, по асистенција на младиот Ламине Јамал. Оваа асистенција е особено значајна за Јамал, кој веќе постави рекорд како најмладиот играч во историјата на Европските првенства.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови