Connect with us

Роналдо по чудесниот рекорд: Секоја година во фудбалот ми е нов подарок

Кристијано Роналдо (39) постигна два гола за победа на Португалија над Ирска од 3-0 на последниот тест пред ЕП.

Првиот гол на Роналдо беше одличен, откако се намести на послабата лева нога, тој од околу 15 метри дијагонално од десната страна ја заби топката во спротивниот агол.


Диого Жота му асистираше за вториот гол по одличен продор. Со тие два гола Роналдо дополнително го подобри својот рекорд по број на голови за репрезентацијата, сега има 130 и тоа на рекордни 207 настапи.

Роналдо стигна и до вкупно 895 голови во кариерата.

Но, првиот гол што брилијантно го постигна за Ирска е историски. Со него Роналдо стана првиот играч кој постигнал гол за репрезентацијата во 21 различна година. Првиот гол за Грција го постигна на ЕВРО 2004, што беше прво Европско првенство во неговата кариера. И сега, по чудесниот голгетерски подвиг, го чека шестото Европско првенство. Прв противник на Португалија во групата ќе биде Чешка на 18 јуни. Следува дуелот со Турција на 22 јуни, додека во третото коло ќе игра против Грузија на 26 јуни.

По чудесниот рекорд, Роналдо зборуваше за португалската телевизија.


„Знам дека немам уште многу години во фудбалот. Секоја година ми е подарок. Самиот факт што играм по 35 години е веќе подарок , а јас имам 39. Затоа се трудам да уживам секоја година. Важно е да бидам физички и психички подготвен за да и помогнам на репрезентацијата, што се однесува до ЕП“, изјави Столе Димитриевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови