Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, ќе остане и следната сезона и покрај најнискиот пласман на тимот во историјата на Премиер – лигата на осмото место, објавија британските медиуми.
Одлуката доаѓа по анализата на минатата сезона, која заврши со победа од 2-1 во финалето на ФА Купот над градскиот ривал Манчестер Сити. Уште повеќе, клубот е во преговори со Тен Хаг за нов договор бидејќи актуелниот влегува во последната сезона по двете години на „Олд Трафорд“.
Поранешниот тренер на Ајакс доби многу критики откако 20-кратниот шампион на Англија го доживеа најлошиот старт на сезоната од 1962/63 година со осум порази во првите 15 натпревари во сите натпреварувања. „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место по 14 порази во 38 натпревари и испаднаа од Лигата на шампионите во групната фаза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













