
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт најави дека Европското првенство во Германија може да му биде последно на оваа позиција. Саутгејт ја презеде репрезентацијата откако Англичаните под водство на Сем Алардајс беа елиминирани во осминафиналето на ЕВРО 2016, со сензационален пораз од Исланд (1-2).
Тоа беше едно од најголемите изненадувања, па тогашниот селектор мораше многу брзо да поднесе оставка, а на негово место дојде Саутгејт и многу брзо го врати тимот меѓу главните конкуренти за трофеи во најголемите натпреварувања. Веќе на СП 2018 Англичаните стигнаа до полуфиналето, во кое Хрватска ги совлада во продолженијата (1-2). На ЕВРО 2021 стигнаа до финалето кое се играше на „Вембли“.
Титулата беше решена со удари од 11 метри, во кои поуспешни беа Италијанците, а англиските навивачи уште еднаш беа разочарани. На Светското првенство во 2022 година, Англија беше поразена во четвртфиналето од бранителот на титулата, Франција.
И покрај многу добрите резултати, англиските навивачи и јавноста секогаш бараат трофеј од репрезентацијата во која играат големи фудбалски ѕвезди. Англичаните не стигнале до пехар од 1966 година, кога триумфираа на Светското првенство на кое беа домаќини. Саутгејт е повеќе од свесен за тоа.
„Ако не победиме, веројатно нема да бидам повеќе тука. Ова може да биде последна шанса“, изјави тој за германски „Билд“. „Мислам дека околу половина од селекторите ја напуштаат таа позиција по турнирот – таква е природата на работата.
Саутгејт знае под каков притисок е.
„Тука сум речиси осум години и бевме блиску. Знам дека не можам да продолжам да излегувам пред јавноста и да велам „те молам дајте ми повеќе време“, бидејќи во одреден момент луѓето ќе ја изгубат вербата. Ако сакаме да бидеме голем тим, а јас да бидам врвен тренер, тогаш треба да бидеш успешни во големите моменти“, истакна Герет Саутгејт.
Саутгејт има договор со ФА на Англија до крајот на оваа година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
