Connect with us

Холанѓаните убедливи против Исланд, Полска ја победи Турција (ВИДЕО)

Холандија зеде силен залет за Европското првенство откако го победи Исланд со 4-0 во последниот тест пред почетокот на шампионатот. Селекцијата на Роналд Куман покажа завиден офанзивен потенцијал.

Чави Симонс во 23.минута го отвори резултатот, а Вирџил ван Дајк на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Дониел Мален по одличната асистенција на Мемфис Депај, а серијата голови ја затвори Ваут Вегорст во 93.минута.

Полска ја совлада Турција со 2-1. Свидерски во 12.минута донесе водство за Полска, а израмни Барис Јилмаз во 77.минута. Никола Залевски во 90.минута сепак донесе триумф за Полјаците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови