Connect with us

Манчестер Јунајтед го продава Санчо за 40 милиони евра

Манчестер Јунајтед одреди цена од 40 милиони евра за својот играч Џејдон Санчо, објавија денеска британските медиуми.

Вториот дел од сезоната Санчо го мина на позајмица во Борусија Дортмунд, откако се скара со менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, чиј престој на „Олд Трафорд“ е неизвесен.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, раководството на Манчестер Јунајтед сака да го продаде Санчо ова лето без разлика кој ќе го води тимот следната сезона.

Борусија Дортмунд сака Санчо да остане во клубот и следната сезона и ќе се обиде да го доведе англискиот фудбалер на нова позајмица.

Манчестер Јунајтед сака целосно да го продаде играчот, бидејќи ќе има ограничена сума за летниот преоден рок поради финансискиот фер-плеј.

Во јули 2021 година, Санчо се пресели од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед за 73 милиони фунти, а со англискиот клуб има договор за уште две години.

За 24-годишниот напаѓач беше заинтересиран и Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови