Фудбалската репрезентација на Чешка остана без еден од најискусните фудбалери поради бизарна повреда. Михал Садилек ќе го пропушти Европското првенство во Германија откако падна од велосипед и ја повреди ногата, изјави портпаролот на чешката репрезентација.
„За жал, Садилек падна додека се возеше со својот велосипед и се здоби со расекотина на ногата. Ова е голем удар за нас бидејќи Михал е еден од нашите искусни играчи. Тој ја носеше капитенската лента на мечот против Малта“, истакна чешкиот селектор Иван Хашек.
За Чешка одигра вкупно 24 натпревари и постигна еден гол. Садилек во петокот беше капитен на тимот и ги одигра сите 90 минути во победата од 7-1 над Малта во подготвителниот пријателски натпревар.
25-годишниот Садилек, фудбалер на холандскиот прволигаш Твенте, настапи на последното ЕВРО 2020 година.
Чешка утревечер во Храдец Кралове ќе одигра пријателски натпревар против Македонија како последна контрола на формата пред почетокот на ЕВРО 2024.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski