
Напаѓачот на Лајпциг, Бењамин Шешко, начелно се согласил да му се приклучи на Арсенал во летниот преоден рок. Покрај „топчиите“, за 20-годишниот талент се заинтересирани и голем број врвни клубови, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Челси и Милан. Сепак, според англиските медиуми, самиот Словенец претпочита да дојде на „Емирати“.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака млад напаѓач кој може да се развива во клубот и би можел да формира тандем со Каи Хаверц. Шпанецот смета дека Шешко е идеалната опција. Агентот на напаѓачот, Елвис Башановиќ, оваа сезона неколкупати во живо ги следеше натпреварите на Арсенал, па комуникацијата меѓу двете страни трае веќе подолго време.
Се очекува „топчиите“ да платат околу 45 милиони фунти за словенечкиот интернационалец, кој утре ќе полни 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
