Connect with us

Барнли го назначи Крег Белами за привремен наследник на Компани

Барнли изненадувачки го назначи Крег Белами за менаџер на тимот. Сепак, 44-годишниот Велшанец ќе ја извршува функцијата само привремено додека не се најде најсоодветен постојан наследник за Винсен Компани, кој го напушти клубот за да го преземе Баерн Минхен.

Белами, кој е поранешен играч на Ливерпул, Манчестер Сити и на Њукасл, беше помошник на Компани во Андерлехт пред да се приклучи на штабот на Белгиецот во Барнли. Негов помошник сега ќе биде Мајк Џексон, кој привремено го водеше тимот по заминувањето на Шон Дајш во сезоната 2021/22.

Франк Лампард, Скот Паркер, Стив Купер и Руд ван Нистелрој се поврзуваа со Барнли во последните два дена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови