Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Kелаифи, му се заблагодари на Килијан Мбапе за сѐ што напаѓачот направил за клубот. Во вторникот, капитенот на Франција ја освои наградата на „Глоуб Сокер“ за најдобар фудбалер во Европа. Честитките на Ал-Келаифи доаѓаат во време на тензии меѓу двајцата зад сцената, при што се очекува Мбапе да биде претставен како играч на Реал Мадрид во рок од неколку дена, а парижаните одбија да му ја платат априлската плата и бонусите на играчот.
Во моментов адвокатите на двете страни ја составуваат документацијата околу заминувањето на играчот.
„Му посакувам сѐ најдобро. Седум години правеше извонредни работи за нас. Имаше 18 години кога пристигна во тимот и сега е големо момче кое е најдобриот играч на светот. Сакаше промена, да оди на друго место, во друго првенство, да има нови искуства и го има тоа право“, изјави Ал-Келаифи за симболот на ПСЖ во ерата на Катарците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













