Ливерпул планира понуда за голгетерот на Астон Вила, Оли Воткинс. Според англиските медиуми, новиот менаџер на „црвените“, Арне Слот би сакал да го има англискиот репрезентативец во својот тим, што дополнително ги подгреа шпекулациите дека Дарвин Нуњез можеби нема да остане во Ливерпул.
Воткинс (28) постигна 19 голови во Премиер – лигата минатата сезона и постигна 27 во сите натпреварувања, а неговите игри му донесоа место во проширениот тим на Герет Саутгејт за ЕВРО 2024 година.
Проблемот за клубовите што се заинтересирани за Воткинс е што тој потпиша нов договор со Астон Вила минатиот октомври и клубот од Бирмингем нема лесно да се согласи да се раздели со еден од клучните играчи, а посебно затоа што следната сезона ќе игра во квалификациите за ЛШ.
Медиумите во Англија тврдат дека за Воткинс е заинтересиран и Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













