Женската А фудбалска репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за претстојните предизвици од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство.
Нашите репрезентативки ги очекува двомеч со селекцијата на Молдавија на домашен и гостински терен во рамките на групата 2 од лигата Ц.
Првиот меч од квалификациите против Молдавија го играме на 31 мај, петок, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, Скопје со почеток во 17 часот. Вториот дуел ќе биде одигран на стадионот Зумру во Кишињев, со почеток во 19 часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов, даде свое видување за претстојниот двомеч со Молдавија.
„Не очекуваат два важни натпревари против Молдавија на домашен и гостински терен, се подготвуваме максимално, сакаме да го покажеме нашето најдобро светло. Очекувањата за овој натпревар се големи, целта да се издвојува победа на двата. Ќе одиме чекор по чекор, односно натпревар по натпревар, очекувам да одиграме одличен натпревар тука во Скопје и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите фанови.
Ослабени сме со неиграњето на Гентијана Рочи, која се здоби со повреда на последниот натпревар за својот клуб, но од друга страна ќе претставува одлична прилика за друга фудбалерка која ќе настапи на нејзино место да се покаже во добро светло и да се наметне во репрезентацијата.
Овие два натпревари со Молдавија ќе бидат одличен тест за нас и за нашиот потенцијал. Верувам во моите фудбалерки и се надевам дека ќе оствариме две победи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski