
Фудбалскиот шампион на Саудиска Арабија, Ал-Хилал, го продолжи договорот со својот тренер Жорге Жесус за уште една година, објави клубот на социјалните мрежи.
Во неговиот втор период на чело на саудискиот гигант, кој започна минатата година, португалскиот стручњак ја освои шампионската титула без пораз, со огромна разлика пред Ал-Наср со Кристијано Роналдо и со 101 постигнат и само 23 примени голови.
HERE TO STAY 💙
— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) May 28, 2024
"The Golden League Champion" and "The Master of Tactic" are together for another year 🤝
GOOD LUCK MISTER 💙 pic.twitter.com/TtvIqcdBib
69-годишниот Жесус, кој претходно го водеше Ал-Хилал во 2018/19 година, исто така стигна до полуфиналето на азиската Лига на шампиони, го освои Купот на кралот победувајќи го Ал-Итихад во април, а исто така стигна до финалето на Купот на принцот против Ал-Наср кој ќе се игра во петок.
Ал-Хилал има освоено 19 домашни титули, како и 13 купа на принцот, а исто така четири пати триумфирал во азиската Лига на шампиони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
