Кулминацијата на третата сезона на Конференциската лига на УЕФА ќе се случи вечерва во Атина, каде во финалето на третото најсилно европско натпреварување ќе се сретнат Олимпијакос и Фиорентина.
Дуелот за трофејот ќе се игра на стадионот на АЕК во Атина, а веројатно претпоставувате дека главниот град на Грција „трепери“, и дека величествениот објект ќе биде премал за да ги собере сите оние кои го имаат Олимпијакос во срцето.
Љубителите на фудбалот во Европа не гледаа многу благонаклоно кон одлуката на УЕФА за формирање на ова натпреварување, сведоци сме дека „големите“ клубови го заобиколуваат во широк лак, тоа направи Јувентус сезонава, а Челси ќе се обиде следната, но неодамнешната изјава на Жозе Мурињо дека тоа што со Рома го освоил премиерното издание на Конференциската лига во 2022 година е негов најголем подвиг во кариерата, кажува сѐ.
Рома е клубот кој влезе во историјата како прв освојувач на Конференциската лига. На 25 мај 2022 година, „волчицата“ го победи Феенорд со 1-0 во финалето кое се одигра во Тирана.
Минатата сезона Вест Хем славеше совладувајќи ја Фиорентина во финалето со 2-1. Тој натпревар се одигра на 7 јуни минатата година во Прага, а го реши Џерод Боувен во 90. минута.
Тоа беше многу болен пораз за „виола“, која сега по една година се враќа во финалето, на хартија е посилен тим од Олимпијакос, но мечот се игра во Атина, таму еуфоријата е невидена, а европски трофеј во клупскиот фудбал би ја запалил Грција и ќе биде многу тешко за „виолетовите“.
Олимпијакос направи големо изненадување во полуфиналето и на крилата на својот одличен напаѓач Ел Каби двапати го победи четвртопласираниот тим од Премиер-лигата Астон Вила (4-2, 2-0), кој беше главен фаворит за трофејот во ова натпреварување.
Претходно, „црвено-белите“ кои од Лигата на Европа стигнаа до нокаут-фазата во Конференциската лига, во тој историски пресврт сукцесивно ги исфрлија Ференцварош, Макаби Тел Авив (1-4, 6-1) и Фенербахче по пенали.
Фиорентина до финалето стигна со елиминација на Макаби Хаифа, Плзен и Клуб Бриж.
Тренерот на Олимпијакос Хозе Луис Мендилибар има шанса да испише историја, бидејќи минатата сезона ја предводеше Севилја до трофејот во Лига Европа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski