Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, би можел да го напушти клубот ова лето, пренесува „Скај Германија“. Раководството на финалистот во Лигата на шампионите ја разгледува можноста да го продаде 22-годишниот Германец и е подготвено да ги слушне понудите за играчот.
За Адејеми сериозно се интересираат неколку клубови од Премиер – лигата.
За Борусија Дортмунд игра од јули 2022 година. Во сезоната 2023/24 забележа 33 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и две асистенции. Неговиот договор е до летото 2027 година.
Вредноста на Адејеми е проценета на 28 милиони евра.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













