Тијаго Мота наскоро ќе го преземе Јувентус, ќе го води од стартот на следната сезона и веќе има свои барања во однос на составот. Според него, тројца играчи се „недопирливи“ и не смеат да бидат на продажба. Тоа се Камбијасо, Јилдиз и Фаџоли.
Тројцата, според Мота, се исклучително важни фудбалери за Јувентус во наредната сезона, каде што ќе атакуваат на титулата шампион на Италија, која веќе извесно време ја чекаат во Торино.
Сè уште е неизвесна ситуацијата околу Рабио кому му истекува договорот, тој своевремено играше заедно со Мота во ПСЖ и тоа е една од причините поради која се предомислува за останување.
Од споменатите тројца (Андреа Камбијасо, Кенан Јилдиз и Николо Фаџоли), првиот потпиша договор до 2029 година, вториот е на прагот на потпис на нов договор, а Фаџоли неодамна се врати во тимот по обложувачкиот скандал кој го оддалечи од терените во период од седум месеци.
Се очекуваат засилувања на средината на теренот, а Мота сака да го задржи и дефанзивецот Бремер во составот за следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













