Германскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, ја одбил понудата на Барселона, пренесува каталонскиот „Спорт“. Сестраниот фудбалер беше една од главните трансферни цели на поранешниот тренер на Каталонците, Чави Хернандез, а идниот тренер Ханси Флик исто така потврди дека го сака како дел од тимот.
Преговорите се одвиваа добро сѐ додека Барселона не ја даде официјалната финансиска понуда.
Според „Спорт“, Каталонците останале далеку од сумата од 19,5 милиони евра што Кимих моментално ја добива годишно во Баерн Минхен. Во моментов Барселона не може да си ја дозволи таа сума поради финансиските правила и ограничувањата во буџетот за плати.
Договорот на Кимих со Баерн истекува во летото 2025 година, а во моментов нема индикации дека ќе потпише нов договор, што доведе до гласини дека германскиот клуб би можел сега да го продаде за соодветна понуда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













