Легендата на Барселона и тренер на тимот во заминување, Чави Хернандез, вечерва ќе го има последниот натпревар на клупата на каталонскиот гигант на гости против Севилја. Претседателот Жоан Лапорта му соопшти дека ќе мора да замине од тренерската позиција по завршувањето на сезоната, а него наследник најверојатно ќе биде Ханси Флик.
Но, Чави, по сѐ изгледа дека нема да чека премногу за да најде нов ангажман. Англискиот премиерлигаш Челси е сериозно заинтересиран да го доведе на „Стемфорд бриџ“ и првите разговори се веќе извршени.
Чави не би имал против да го преземе тимот за следната сезона и доколку сѐ биде в ред, можен е договор уште на почетокот на следната седмица.
Челси по завршувањето на оваа сезона се раздели со досегашниот менаџер Маурисио Покетино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













