
Чави Хернандез е ослободен од должноста тренер на Барселона, соопштија од клубот. За одлуката тренерот бил информиран на состанокот околу 14 часот и 30 минути, а нешто подоцна го потврди и прес-службата на каталонскиот гигант. Неговото место од следната сезона ќе го заземе Ханси Флик, а тоа најверојатно ќе биде потврдено во понеделник.
Откако утрово медиумите открија договор меѓу претседателот Жоан Лапорта и германскиот стручњак, Чави Хернандез инсистирал на итна средба со раководството. На неа Лапорта и останатите членови на раководството го известиле тренерот за одлуката.
Чави ќе ја предводи Барса во последниот натпревар од сезоната, кој е против Севилја в недела, а потоа заминува од клупата.
🚨 | Last photo of Xavi in training 😢. [@forcabarca_ar] pic.twitter.com/LyluBnbWYJ
— Barça Insider (@theBarcaInsider) May 24, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
