
Атлетико Мадрид сака да го привлече во својот тим напаѓачот на Вилјареал, Александер Сорлот, пренесува „Марка“. Норвежанецот има одлична сезона со тимот на „жолтата подморница“ и е лидер на стрелците во Ла Лига со 23 погодоци. Тој имаше исклучително импресивен натпревар против Реал Мадрид на кој постигна четири гола против „кралскиот клуб“.
Една од главните задачи при летната селекција на Атлетико Мадрид е да привлече врвен напаѓач. Клубот ќе се раздели со Мемфис Депај, а во прашање е и иднината на Алваро Мората. Затоа, на „душекчиите“ им е итно потребен стрелец за да го предводи нападот во новата сезона и Сорлот е на врвот на листата на Диего Симеоне.
Сепак, привлекувањето на 28-годишниот напаѓач нема да биде толку едноставно. Тој во Вилјареал минатото лето од Лајпциг и има договор до 2028 година. Претходно играше три години на позајмица во Реал Сосиедад.
Атлетико Мадрид ќе мора да подготви сериозна сума доколку сака да ги стави во искушение челниците на „жолтата подморница“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
