
Ханси Флик наскоро би можел и официјално да биде назначен за нов тренер на Барселона.
Како што е познато, само три недели откако Жоан Лапорта објави дека Чави Хернандез останува, дојде до раскол и сега претседателот е подготвен да му врачи отказ.
На Лапорта не му се допадна искреноста на Чави и недостигот на самодоверба дека клубот може да биде финансиски конкурентен со другите најголеми клубови во Европа и со Реал Мадрид во Шпанија.
Флик цело време го чекаше исходот, на крајот го доби и ќе потпише договор на две години.
Каталонските медиуми пишуваат и дека Флик сака да го доведе Кимих, исто како и Чави, бидејќи за него беше клучен играч и во Баерн и подоцна во германската репрезентација. Наводно, Баерн ќе биде принуден да го продаде за сума од 40 милиони евра, бидејќи Кимих влегува во последната година од договорот.
Второто засилување останува познато од претходно, тоа ќе биде Гвидо Родригез, последниот играч за врска на Бетис, кој станува слободен и пристигнува без обештетување.
Се очекува Ханси Флик да добие уште неколку засилувања, пред сѐ на крилните позиции, бидејќи играта ја форсира екстремно на таков начин. Во неговите планови најверојатно нема да бидат Жоао Феликс и Феран Торес, како и Рафиња.
Барса викендов гостува во Севилја во последното коло, а потоа се очекува разделбата со Чави и назначувањето на Ханси Флик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
